Совршена за ручек или додаток – брза посна компир салата на три начини

607

За овие рецепти не ви се потребни мерки. Потребни ви се само состојките, а количината сами одредете ја во зависност за колкумина ја подготвувате.

Класична компир салата

Оваа салата е составен дел од секоја посна трпеза. Обично се служи со риба. Компирот излупете го, сварете го и насецкајте го на четвртинки. Додадете сецкан кромид, масло, сол, бибер и малку оцет. Класичната компир салата можете да ја направите и малку невообичаена, ако во неа додадете некое варено јајце, сецкано на кругови и малку сецкани маслинки. Но, сето тоа е работа на вкус.

Компир салата со посен кашкавал

Излупете го компирот, сварете го и додека е топол насецкајте го на четвртинки, посолете, ставете малку бибер, масло за јадење и сецкан лук. Растителниот кашкавал нарендајте го на крупно и додека е топол компирот, само наросете по него и неѓно измешајте. На оваа салата можете да и додадете насецкан домат, краставица или б ило кој друг зеленчук што го сакате.

Кoмпир со магдонос и млад лук

Постапката е иста како и на претходните две салати, сварете го компирот, додадете ситно сецкан магдонос и насецкано младо лукче. Наместо лук, можете да ставите и кромид. Ставете бибер, сол и малку масло за јадење. Наместо оцет, во оваа салата можете да ставите сок од еден лимон.