Екипи на градските јавни претпријатија континуирано работат на терен на чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром.
Оваа акција која започна минатиот месец, Град Скопје ја реализира во соработка со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката.
Како што истакнаа од Градот, оваа запоставена страна од кејот на Вардар, наскоро ќе стане нов добро уреден јавен простор.