Политичките чинители да ги почитуваат законите, да водат фер и демократска кампања, а граѓаните до Министерството за внатрешни работи да пријават секоја активност насочена кон кршење на избирачкото право или каква било нерегуларност. Да внимаваме сите во овој изборен циклус како се однесуваме, да обезбедиме фер, демократски и транспарентен процес на 10-те парламентарни избори кои се разликуваат од сите претходни, затоа што земјава се соочува со пандемијата kовид–19.

Ова е пораката од денешната заедничка прес-конференција на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, кои нагласија дека нивната соработка ќе продолжи и ќе се одвива на високо ниво.

Улогата на МВР во изборниот процес е јасна, потенцира Чулев, и тоа е заштита на човековите права и слободи за време на изборниот процес, максимална безбедност на граѓаните, овозможување слободно изразување на правото на глас и отсуство на секаков вид толернација кон сторителите на кривични дела или прекршоци и нивно навремено откривање и спречување да вршат кривични дела или прекршоци насочени кон изборниот процес.

– Изборите треба да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера. Ние цврсто сме решени дека кога е регуларноста и закониста на изборниот процес во прашање, воопшто нема дилема и овие избори треба да бидат кристално чисти – истакна министерот Чулев.

Чулев и Деркоски ги промовираа видео и печатените метријали за изборниот процес, со што, како што рекоа, испраќаат порака дека нема простор и толеранција за изборен поткуп и оти МВР соодветно ќе ги санкционира сите активности насочени кон каква било форма на притисок, заплашување и поткуп на граѓаните.

– Евоиопскиот пат на кој се наоѓа нашата држава, интеграцијата на нашата земја во еворпското семејство  е директно условена од регуларноста на овие изборите. Но, од нивната регуларност зависи и  легитимитетот и кредибилитетот на идндта влада. Ниту една цел не е поважна од фактот дека пред се граѓаните заслужуваат мирни безбедни и демократски избори – рече Чулев.

МВР, потенцира тој, ги има ставено на располагање сите капацитети со кои ја гарантира безбедноста на изборите.

Информира дека веќе е формиран Републички изборен штаб со кој раководи директорот на БЈБ , а во фаза се обуките на полициските службеници за соодветно постапување  во соработка со ОБСЕ.

За Деркоски овие јубилејни 10–ти избори се исклучително важни затоа што, како што рече, се клучот за нашиот влез на европската врата.

Тој истакна дека треба да внимаваме на заштита на избирачкото право, но заради kовид–19 треба да внимаваме и на здравјето на изборните органи и на здравјето на граѓаните кои ќе го дадат својот глас.

– Граѓаните да се чувствуаат безбедни и сигурни, да излезат и да гласаат на денот на изборите, затоа што исклучително е важно на овие избори да обезбедиме легитимитет за идната власт, која и да е. треба да победи најдобриот на овие избори, со добра излезност, граѓаните  даодлучат на 15 јули – повика на прес-конференцијата претседателот на ДИК,  Деркоски.