ЖИВОТНИ ПАТОКАЗИ, ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Прифаќање на минатото

869

Внатрешните борби и страдања нè произлегуваат од лошите удари на судбината, туку од определбата да живееме со вознемиреноста и маката без да се обидеме да го промениме сфаќањето кон случувањата од минатото. Во тој поглед, главното прашање е: Како да ги исфрлиме внатрешниот немир и напнатоста од својот животен стил и да живееме мирно, хармонично и релаксирано?

Патот кон мирот и среќата започнува со духовно будење, личносна промена и преобразба во начинот на размислување и дејствување. Позитивната промена произлегува од преиспитувањето на ситуацијата во која се наоѓаме и со барање решение за излез од кризата. Опстојувањето со тело на болка, немир и страдање не ветува мир, среќа и хармонија. Силната волја, иницијативноста и оптимизмот се главните аспекти на позитивната промена.

Сè во животот е подложно на промена, така што ништо не е вечно и трајно за да не може да биде променето.

Нашето доживување на светот зависи од нашите интелектуални способности и уверувања. Ние го гледаме тоа што очекуваме да го видиме. Го слушаме тоа што очекуваме да го слушнеме. Стварноста е таква, какви што се нашите мисли и емоции. Кога нашите мисли и емоции се позитивни, тогаш напредуваме, уживаме и афирмативно ги воспримаме убавините на животот. Но, доколку сме фокусирани кон неубавите нешта, во тој случај неизбежно стагнираме, страдаме и ги блокираме потенцијалите на личноста.

Врзувањето за лошите спомени е како чекорење со железна кугла врзана за ножниот зглоб.

За да бидеме среќни и исполнети треба да постигнеме внатрешна хармонија и да ја пронајдеме смислата на сопственото постоење. Внатрешната хармонизираност е плод на совесно, самосвесно и позитивно дејствување. Излезот од кризата првично произлегува од верувањето дека ќе се случи нешто добро. Многу е важно да веруваме во промената, исцелувањето и чудото.

Животот постепено се урива кога ќе сфатиме дека не можеме да го подобриме. Песимизмот и стравот од иднината не создаваат позитивни резултати. За да бидеме среќни и исполнети треба да постигнеме внатрешна хармонија и да ја пронајдеме смислата на сопственото постоење. Внатрешната хармонизираност е плод на совесно, самосвесно и позитивно дејствување. Излезот од кризата првично произлегува од верувањето дека ќе се случи нешто добро. Многу е важно да веруваме во промената, исцелувањето и чудото.

Суштината на човековото битие не се состои само од телесна структура, туку и од емоционално, ментално и енергетско ниво, кои секое на свој начин влијае врз активирањето на чувството на среќа и хармонијата на личноста.

Стресот, стравот, тагата, гневот и незадоволството предизвикуваат нашето биополе да биде разнебитено и да станеме ранливи, несреќни и немоќни. Долготрајната подложност на негативни вибрации ги блокира психофизичките потенцијали на личноста и нè соочува со разни болести.

Кога се чувствуваме емоционално и ментално блокирани, тоа значи дека нашата творечка енергија е задушена, лошо вибрира и нè протечува. На почетокот блокадите обично се предизвикани од пренагласена грижа на совест, чувство на вина и неприфаќање на минатото или од потиснати емоции на страв,  жал и лутина. Последиците од енергетската блокираност се опстојување со емоционален отров и емоционално, ментално, па дури и физичко повлекување во својот интимен свет на живеење.

За да ја отстраниме енергетската блокада, потребно е да ги прифатиме болките и страдањата произлезени од минатото и да имаме јасна согледба на состојбата во која се наоѓаме. Прифаќањето и увидот ќе поттикнат опуштање и ослободување од емоционалниот притисок и разбирање на коренот на проблемот – а тој најчесто е производ на негативен став, погрешно убедување или верување во туѓи недобронамерни сугестии.

Незадоволството од актуелната состојба и увидот во сопственото живеење се клучните основи на дејствувањето и создавањето позитивна промена. Откако ќе погледнеме внатре во себеси и ќе ја откриеме вистинската причина за нервната напнатост и вознемиреност, ќе почнеме да се движиме кон излезот од кризата.

Најголемата опасност произлегува од одржувањето на навиката да опстојуваме со тело на болка. Кога постојано произведуваме хормони на стрес, на тој начин создаваме и серија негативни емоции што активираат зависност. Таквата околност предизвикува некој да биде зависен од расправии; друг од ниски страсти и пороци; трет од љубоморни изблици; четврт од самосожалување или од критичко однесување итн.

Излезот ќе го пронајдеме ако во душата вметнеме надеж дека постои решение за очајот, немирот и разочарувањето. Клучот е во комбинирање на трите категории: прифаќање, верување и предавање. Колку повеќе прифаќаме, веруваме и се предаваме на течението на животот, толку побрзо ќе оствариме афирмативни резултати.

Секое опсесивно врзување за проблемот може да создаде преувеличување на маките и страдањата и страв од перспективите на иднината. Многу е битно како им пристапуваме на ограничувањата и искушенијата. Предвременото потпишување капитулација нé носи добро, а најмалку излез од кризата.

Постои една зен изрека која вели: „Човекот не се дави затоа што паднал во реката туку затоа што останал под површината“. Болките и страдањата се составен дел од судбината, но од поединецот зависи дали ќе биде слаб, пасивен и плашлив во справувањето со животните проблеми и тешкотии.

Исходот на борбата неретко зависи од стремежот да се успее, да се победи и да се пројави силен карактер во екот на најголемите ограничувања. Некои потклекнуваат, рационализираат и бараат оправдување за своите слабости, додека други храбро се борат и вложуваат во вистината, правдината и позитивните аспекти на судбината.

Оптимизмот, вербата и надежта се моќни алатки за извлекување од страдањата.

Позитивната психологија укажува дека „ништо не е завршено додека не заврши сè“. Дури и да стигнеме до работ на пропаста или кога сме при самото дно, неопходно е да бараме решение и да веруваме дека ќе успееме да се извлечеме од проблемите. Честопати сè си доаѓа на своето место, само треба да помине време за да спласнат емоциите и да се надминат болките.

Состојбата на афект, беспомошност и фрустрираност иницира да гледаме проблеми ѝ таму каде што ги нема. Доколку нашата свест е стеснета, нужно се лимитира и моќта на забележување и толерантно однесување. Во такви моменти потребно е да се смириме, да избегнуваме бурни реакции и разумно да ги согледаме причините за стресот и незадоволството. 

Во растроена состојба на умот страдаме од недостаток на трпеливост. Наместо да размислуваме опуштено и лесно, ние тоа го правиме со напор. Трепериме и се вознемируваме. Импулсивни сме и своеглави. Анксиозни сме и строги кон себеси и кон другите. Кога сме полни со јад, чемер и тага, тогаш неизбежно страдаме. Кралот Соломон има кажано: „Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува“.

Состојбата на афект, беспомошност и фрустрираност иницира да гледаме проблеми ѝ таму каде што ги нема. Доколку нашата свест е стеснета, нужно се лимитира и моќта на забележување и толерантно однесување. Во такви моменти потребно е да се смириме, да избегнуваме бурни реакции и разумно да ги согледаме причините за стресот и незадоволството. Во Новиот завет е запишано: „Кроткиот и смирен дух (кој не е нервозен или вознемирен) е многу драгоцен во погледот на Бог“.

Кога сме во мир со самите себе, спиритуално проникнуваме во агенсот што се нарекува космичка интелигенција. Тоа ни овозможува да веруваме дека ако бидеме доволно смирени и бидеме доволно трпеливи – вистинскиот одговор ќе го најдеме веднаш зад аголот. Лао Це кажал: „Музиката во душата може да ја слушне цел универзум. Ако мислата ви е добра, душата распеана и спокојна – позитивната енергија од универзумот лесно ќе дојде до вас“. Асоцијацијата е да веруваме во божјата промисла, да научиме да ги читаме знаците на сопствената душа и да нè отстапуваме од патот што води кон смирението, среќата и хармонијата.

Молитвата е пат што овозможува отворање на душата, доверување и примање на радоста. Кога чувствуваме душевна болка треба да посетиме духовен храм и своите мисли и емоции да ги насочиме кон Бога. Чудата се случуваат за лицата кои искрено и посветено веруваат во божествената милост и добрина. Тие знаат дека чинот на промената доаѓа со прифаќањето, покајувањето, проштевањето, себепочитувањето и со создавањето ново посреќно Јас.

(авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)