Во Германија веќе почна експериментот како би можел да изгледа ракометот во периодот после коронавирусот. Минатата недела на паркетот излегоа ракометароте на Рајн Некар Левен и тренираа според сите пропишани мерки со задолжителната дистанца.

-Добро е повторно да се почувствува топката. Не игравме ракомет шест недели, но мислам дека како да не сме играле шест месеци, изјави Енди Шмид.

Германскиот клуб објави неколку фотографии од тренингот. Играчите тренираа со заштитини маски на лице и ја почитуваа минималната дистанца од 1,5 метри.

-Работиме се според пропишаното од страна на Министерството за здравство, изјави спортскиот директор на „лавовите“ Оливер Рогич.

Играчите се поделени во три групи. Едната е на паркетот, друга во теретана, додека третата група работи анализа. Сеансите траат по 30 минути по што ги менуваат улогите.

Иначе, почетокот на новата сезона во Германија е закажана за почетокот на септември.