Српскиот кошаркар Саша Вујачиќ, иако имаше солидна кариера во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, големо внимание во јавноста привлече со љубовната врска со, сега веќе поранешната руска тенисерка Марија Шарапова. Нивната љубов започна во 2010 година, а според најновите пишувања на светските медиуми нивната свадба била закажана за 10. ноември 2012 година, но непосредно пред свечениот чин следел шок – поточно раскинување на врската.
Судбоносното „да“ требаа да го кажат во Инстанбул, а потоа на крајот од летото како гром од ведро небо севна информацијата дека не се повеќе заедно.
Новинарите од Италија, од извор близок до Вујачиќ ги дознале и причините за раскинувањето, а тоа наводно биле, спортските обврски, односно бројните патувања ширум светот зараси кои ретко се гледале. Но неколку години подоцна убавата Маша објави биографија во која, меѓу другото откри детали од врската со Саша.
-Пред Ролан Гарос 2012 почнав постепено да држам дистанца од него. Кога го освоив Ролан Гарос, му се јавив од соблекувалната. Беше тешко да се слушне дека е натренинг. Ми честиташе. Почнав да му се заблагодарувам што беше во тешките моменти со мене, ме охрабруваше кога бев во депресија, што веруваше во мене и ме туркаше напред, откри Шарапова.
-Но кога ме повика вечерта беше во поптполно друго расположение. Беше несреќен, дури и бесен. Го прашав што се случило. Одговори дека го гледал мечот дома и церемонијата на доделување на пехари. Веднаш сфатив. Беше бесен зошто во говорот не му се заблагодарив нему и не можел да мисли на ништо друго. Чекав неколку месеци на знак од негова страна и го добив. Во една реченица. Нашата врска е готова, откри Шарапова како изгледало крајот на љубовната романса која требаше да биде крунисана со брак.
По раскинувањето со русинакта, Србинот промени неколку клубови во Европа, после Ефес се врати во Лос Анџелес, овој пат во редовите на Клиперси, каде се задржа само десет дена. Потоа потпиша за Венеција, каде одигра пет натпревари. Потоа играше за Ланорал Куча во Истанбул, а во 2017 година и за екипата на Торино.
Последнит клуб во кариерата му беше во Тезенис Верона во сезоната 2018/19. Иако официјално не ја заврши кариаерта и истакна дека се надева на нов договор во НБА, тешко е да се очекува дека као ветеран од 36 – години ќе се врати да игра кошарка.
Но сега има нова работа – отвори винарија. Во неговите таза објави на Инстаграмможе да се види дека во целост е посветен на винаријата Александар, која што ја осонваше со својата мајка Ксенија и очувот Горан. Токму неговиот очув му ја пренел љубовта кон виното, а во 2009 година нашле идеално место за виноград, поточно во периодот кога со Лејкерси осови две последователни титули
Меѓутоа ова не е се, тој пронашол и нов љубов. Како што пренесуваат американските медиуми се работи за новинарката Кристин Лејхи