Над 40 лица се заразени со Ковид-19 на погреб во Турција, соопшти гувернерот на областа Ерзурум, Окај Мемиш и истакна дека вирусот е донесен надвор од областа.
Четириесет и три локални жители од градот Текман, од областа Ерзурум, се заразиле по контакт со други лица кои пристигнале на погребот од различни делови на земјата.
Две општини од градот Текман се во целосен карантин.
Во областа Ерзурум регистрирани се седум смртни случаи, девет лица се на интензивна нега.