Јавниот превоз нема да функционира утре по 15 часот се до понеделник до 5 часот

33

Од утре, од 15 часот, па до понеделник до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП), велат дека ваквиот режим е во согласност со одлуката на Влада за забрана на движење на граѓаните во посочениот период.

Утре, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат од 5 до 15 часот, по саботен возен ред.

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај дирекцијата на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП).

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.