Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.565.299 лица. Од нив починале 177.775, а оздравеле 696.781 луѓе.
– Австралија делумно ќе ја отвори својата познатата плажа Бонди за пливање и сурфање на 28 април, соопштија австралиските власти. Паула Маселос, градоначалник на Вејверли, рече дека на сурферите и пливачите ќе им се овозможи пристап помеѓу 7 и 17 часот за време на работните денови. Сите други активности на плажа, како трчање, сончање или дружење сe уште не се дозволени.
– Во Украина, 13 лица починаа од компликации предизвикани од коронавирусoт во последните 24 часа, и дополнителни 467 заразени. Вкупниот бројот се зголеми на 6.592 и на починари – 174. Ова е најголем број жртви во еден ден во Украина од почетокот на пандемијата.
Мексико – Во таа земја, 145 лица починаа од компликации предизвикани од коронавирусот во последните 24 часа, со дополнителни 729 заразени. Со тоа се зголеми бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Мексико на 9.501 и смртни случаи – 857. Тоа е најголем брпј смртни случаи во еден ден досега.
– Бројот на нови случаи на заразени во Германија се зголеми за 2.237 во последните 24 часа на 145.694, покажуваат податоците на германскиот Институт Роберт Кох (РКИ). Во истиот период, од Ковид-19 починале 281 човек.Ова е втор ден по ред бројот на новозаразени во Германија повторно се зголеми.
– Бројот на луѓе на раб на глад поради последици од коронавирусот би можел да се зголеми на 250 милиони, објави директорот на Светската програма за храна (WFP), предупредувајќи дека хуманитарна катастрофа е можна до крајот на 2020 година.
– Пандемијата на коронавирусот му помогна на бизнисот на Нетфликс, американски сервис за видео стриминг, кој забележа 15,8 милиони претплатници во првиот квартал од оваа година, што претставува најголем квартален раст во историјата на компанијата. Исто така, „Нетфликс“ оствари приход од 5,77 милијарди американски долари во првиот квартал, што претставува раст од 1,25 милијарди долари отколку во првиот квартал минатата година. Вкупниот број претплатници ширум светот сега е околу 182 милиони.
– Вториот бран на епидемија на коронавируспт може да ги погоди САД следната зима, а последиците би можеле да бидат уште полоши затоа што тоа ќе се случи во сезоната на грип, предупреди директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Роберт Редфилд.
– Мисури е првата американска држава што поднесе тужба против кинеската влада заради постапување со коронавируспт, велејќи дека реакцијата на Кина на епидемијата што се појави во градот Вухан доведе до уништување и економски загуби во оваа сојузна држава. Граѓанската тужба поднесена во федералниот суд од страна на јавниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, меѓу другото вклучува и обвиненија за небрежност. Во тужбата, се бара обештетување, и се наведува дека Мисури и нејзините жители претрпеле десетици милијарди долари потенцијална економска штета.
– Шпанскиот премиер Педро Санчез бара уште едно продолжување на вонредната состојба и најавува дека после тоа, во втората половина на мај, ќе бидат олеснети мерките за ограничување наметнати поради коронавирусот. Ограничувањата ќе бидат укинати полека и постепено заради безбедност, рече Санчез на собраниската седница повикувајќи на продолжување на вонредната состојба до 9 мај.Мерките за изолација беа воведени во Шпанија на 14 март.
– Осум случаи на заразени се пријавени во јапонски центар за згрижување деца и доенчиња во Токио, објавија денеска локалните медиуми. Еден вработен е исто така заразен од 16 април, јави Кјодо, и додава дека ниту едно од осумте деца немало симптоми карактеристични за вирусот.
– Бројот на заразени со коронавирусот во Норвешка е зголемен за 84 во последните 24 часа и тие веќе се 7.250, објави денеска Националниот институт за здравство.Претходниот ден, заразените беа 7.166. Во последните денови растот на заразените беше стабилен, секој ден беше околу стотина луѓе. Починатите пациенти се 182, а хоспитализираните – 144.
– Американски истражувачи откриле дека лекот за маларија хидроксихлорокин, како терапија за новиот коронавирус, не е ефикасен против инфекцијата. Тие ги анализирале резултатите и медицинската историја на 368 пациенти со новиот коронавирус третиран во медицински центри од Министерството за ветерани на САД. Досега, наодите на истражувачите не се потврдени од независни експерти и не се објавени во медицински списанија. Според нивните согледувања, стапката на морталитет била 27,8 проценти кај пациенти кои примале хидроксихлороин. Кај пациенти третирани со хидрохлорохин и антибиотик азитромицин, стапката на морталитет била 22,1 отсто. Меѓу анализираните резултати е стапката на морталитет од 11,4 проценти кај пациенти со Ковид-19 третирани со стандарден сет на процедури за компликации.