Две понуди за Артур

98

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем и италијанскиот калчолигаш Интер, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Артур.

Двата клуба се подготвени да одвојат околу 50 мил. евра за услугите на одличниот играч за врска, но шпанските медиуми се убедени дека поранешниот фудбалер на Гремио нема да ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина.