„Имаме дома во Белград огромна маса за тенис, но јас секогаш само поминував покрај таа маса.Не ме интересираше ниту масата ниту да играм тенис. Всушност не сватив дека сите мои момци дома се одлични во оваа игра. Боба и ден денес го има тоа чувство за тенис, вака вели популарната српска пејачка Лепа Брена која е дома затворена во карантин.
–
Сите овие години пејачката не обврнувала внимание на тенисот како спорт и ако од тенисот со кој се занимавал нејзиниот Боба мошне добро живеела. Откако се случи оваа пандемија Лепа Брена почнала по дома да ги забележува работите за кои немала време, па такa и таа големата маса за играње тенис.
Освен што сега со сопругот игра тенис по дома, пејачката секое утро прави вежби со што го засилува телото кое мора да остане во одлична форма за концертите кои ова лето ќе се случуваат, после коронавирусот….. Д.М. /foto Instagram/