Барса и Сити ќе разменуваат играчи

29

Во следните неколку дена, раководните лица на Барселона и Манчестер Сити ќе седнат на преговарачката маса, а тема на дискусија ќе биде размената на офанзивните леви бекови.

Каталонскиот гигант сака на „Ноу Камп“ да го донесе португалскиот интернационалец Жоао Кансело и за таа цел, челниците на Барса се подготвени во обратната насока да го испратат неговиот сонародник, Нелсон Семедо.