Прошталниот меч на данската тенисерка Каролине Вознијацки е одложен заради пандемијата со коронавирусот.
Данката на 18. мај во Копенхаген требаше да одигра ревијален натпревар против најдобрата тенисерка на сите времиња Американката Серена Вилијамс
Вознијацки на својот твитер профил објави дека натпреварот е одложен, бидејќи здравјето и безбедноста на сите навивачи се сега најважни.
Поранешниот светски женски тениски рекет број еден последниот професионален турнир го одигра во јануари, поточно играше на првиот грен слем турнир Австралија опен.