Првпат по 70 години: Најголемиот светски фестивал на уметноста е откажан

100

Познатиот фестивал во Единбург, наречен најголемото славење на уметноста и културата во светот, е откажан поради пандемски коронавирус.

Си-ен-ен пишува дека веста ја потврдила извршната директорка Шона МекКарти, наведувајќи дека фестивалот бил закажан за август годинава. Првата министерка на Шкотска, Никола Штургеон изјави дека станува збор за одлука која ќе го скрши срцето на многумина, но е неизбежна во овие моменти.

„Ние и претходно имавме потврда дека славниот фестивал во Единбург ќе биде откажан ова лето прв пат по повеќе од 70 години. Иако ова беше многу тешка одлука, таа е целосно точна“, рече Старгеон во говорот пред шкотскиот парламент.

Во главниот градна Шкотска во август се откажани и Меѓународниот фестивал на книгата и уште други три фестивали.

„Овие фестивали, привлекуваат милионска публика и над 25.000 уметници, писатели и изведувачи од 70 земји во текот на годината, што ги прави втор по големина настан во светот веднаш по Олимпијадата“, се вели во соопштението на организаторите.