Вечерва Градската куќа во Сараево е обоена во италијанската тробојка! Поранешната Народна библиотека која беше бомбардирана и запалена за време на опсадата на Сараево, сега реконструирана и обоена во знак на солидарност со Италија.
Истото вечерва го сторија и граѓаните на Мостар со прочуениот стар мост дело на отоманскиот неимар Синан и порачка од тогашниот велик везир Мехмед паша-Соколовиќ, а кој беше бомбардиран и разурнат за време на војната во 1990-тите. Денес мостот е обновен, а вечерва и осветлен во боите на италијанското знаме во знак на солидарност.