Дефинирана цената на Рајс

64

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец, Деклан Рајс.

Благодарение на одличните игри во актуелната сезона, офанзивниот играч за врска го привлече вниманието на англиските гиганти, а најголем интерес за неговите услуги покажаа раководните лица на Манчестер Јунајтед. Рајс ќе добие дозвола за да се пресели на „Олд Трафорд“ само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 мил. фунти.