За развој на туризмот и за промоцијата на Крушево како чиста дестинација, градските власти го доопремуваат јавното комунално претпријатие „Комуна“. Преку проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии, набавени се камион за метење и чистење – метларка, мулчер и 21 контејнер. Набавката е преку заем од Светска банка.
Опремата е веќе во Крушево и со неа, според градските власти, продолжува процесот на опремувањето и модернизацијата на јавното комунално претпријатие „Комуна“, како и исполнување на еден од предусловите за туристички развој, а тоа е чиста дестинација. Инвестицијата изнесува 4.909 222 денари.
Проектот ќе придонесе за остварување на визијата на Крушево како целогодишна дестинација за туризам со богата понуда, нагласуваат од локалната самоуправа. Проектот овозможува и спроведување на оперативниот план на крушевското комунално претпријатие за управување со отпадот, како и за чиста и еколошка дестинација, заедно со подигнувањето на јавната свест кај населението.
Извор: Општина Крушево