Почна да се гради нова градинка

28

Во Кавадарци започнаа градежните активности за изградба на нова градинка. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев информираше дека објектот ќе биде на две нивоа со седум занимални, на површина од 1.145 квадратни метри.

Градинката ќе има капацитет за 155 деца и се очекува да биде завршена за најмалку 16 месеци.

Во овој проект Општината инвестираше во земјиштето, а главен инвеститор е Министерството за труд и социјална политика, со финансии во износ од 47 милиони денари.

-Изградбата на градинка беше дел од програмата. Во изминатите две години целосно го решивме проблемот со згрижување на деца во детските градинки. Беше пуштена во употреба новата детска градинка „Буба Мара“, потоа Возарци и Марена добија детски градинки, изградени се нови занимални во објектите „Снежана“ и „Детелинка“- соопшти Јанчев и нагласи дека е решен најголемиот проблем на младите брачни парови, кои претходно на некој начин беа спречени нормално да функционираат.

-Имаше случаи каде едниот родител беше принуден  да го напушти своето работно место поради тоа што немаше место во детските градинки – нагласи Јанчев.

Извор:МИА