Кралското семејство од Саудиска Арабија понуди неверојатен хонорар за организација на борбата меѓу британските боксери Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.
Според пишувањата на британските медиуми, Саудиjците сакаат на нивно тло да се одржи борбата за апсолутен светски шампион во тешка категорија и затоа подготвиле понуда која навистина е тешко да се одбие. Таа изнесува 400 милиони фунти.
Принцот Калед добил задача од водечкиот принц Мохамед бин Салман во Саудиска Арабија да ги донесе сите најголеми спортски случувања, а според парите што ги даваат тоа воопшто нема да биде проблем.
Успеа да ја донесе борбата меѓу Џошуа и Енди Руиз, потоа разни фудбалски натпреварувања. Сега е подготвена понуда и за борбата меѓу Фјури и Џошуа, која сигурно нема да биде одбиена.
-Добиваме голем број на понуди. Можно е наредниот меч против Вајлдер или Џошуа да биде во Лондон, но можни се и други локации. Тајсон е број еден, но се уште не знаеме дали Еј Џеј навистина сака борба. Она што треба да го знае дека ќе биде нокаутиран, дури и подобро од Вајлдер, изјави промоторот на Фјури, Франк Ворен.
Сепак, понудата на Саудијците е дефинитивно најбогата од сите останати и затоа е тешко да се поверува дека оваа понуда ќе биде одбиена.
Меѓутоа, пред евентуалната борба меѓу британските тешкаши, двајцата ќе мора да одработат уште еден меч. Деонте Вајлдер веднаш побара реванш, додека Џошуа го чека одбрана на титулите против Бугаринот Кубрат Пулев.