Обновени тоалетите и две соблекувални во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае

193

Општина Карпош целосно ги обнови тоалетите и две соблекувални во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае.

Како што соопштија од Општината, станува збор за комплетна санација на машката и женската соблекувална и на санитарниот јазол, која опфати поставување на нови плочки, санитарија, како и бојадисување на просториите.

-Примарната цел е да се овозможат подобри услови за престој и спортување на учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“-нагласија од локалната самоуправа.

Во ова училиште функционира и сензорната соба за ученици со попреченост, што  е чекор плус во градењето на квалитетно и инклузивно основно образование.

Општина Карпош продолжува со реконструкции по основните училишта и во 2020 година. За ова намена се предвидени четири милиони денари од општинскиот Буџет.