Пандев го повреди коленото на натпреварот со „Болоња”

107

Горан Пандев денеска играше само 13 минути на гостувањето кај Болоња по што мораше да му го отстапи местото на Пинамонти поради повреда на коленото што ја доби при удар од противнички играч. По лекарските прегледи ќе се знае колку е сериозна повредата на Пандев.

Доколку Пандев не биде во можност да игра во полуфиналето на Лигата на нациите, тоа ќе претставува голем удар за македонската фудбалска репрезентација која ја делат два натпревари до историски пласман на Европското првенство.