Милошоски со љубовен транспарент во Собрание

162

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на говорницата во Собранието, каде се разгледува Предлог законот за јавно обвинителство, приложи љубовен транспарент од актуелниот судски процес „Рекет“.

Милошоски го покажа пред пратениците транспарент кој, како што рече, е пригоден по повод денешниот Ден на вљубените.

На собраниската говорница Милошоски се појави со диктафон, и побара дозвола од собранискиот спикер Џафери да пушти нова „бомба“ за З.З.