Италијанскиот тенисер Вафио Фоњини, смета дека Шпанецот Рафаел Надал за нијанса е полесен противник од Швајцарецот Роже Федерер и Србинот новак Ѓоковиќ.
Интересно е тоа што оваа констатација на италијанскиот тенисер се однесува за дуелите на земјена подлога, каде што Шпанецот нема конкуренција. „Бикот од Мајорка“ доминира со 12 освоени титули на Ролан Гарос.

Фоњини е еден од ретките играчи кој го совладал Надал на земја, тоа се случи минатата година на турнирот во Монте Карло.

-Кога играте против Роже или Новак, тие секогаш се на високо ниво. Играат многу брзо, не ви оставаат простор за ништо. Со Рафа состојбата е многу поинаква, неговата игра е повеќе физичка. Таа вас ве уништува ментално во размените, но може да се игра против него, изјави Фјури кој моентно е 11 играч на АТП листата, а на неодамна завршениот Австралија опен беше елиминиран во осоминафиналето.