Едукативни флаери за земјоделците, за да внимаваат кога горат отпад на нивите, беа поделени денеска во Кавадарци.
– Превентивната акција беше реализирана во месноста „Краиште“. Таму беше разговарано со земјоделци, беа поделени флаери за превенција од пожари на отворен простор. Со оглед на поволните временски услови и високи температури кои овозможија земјоделците да излезат на лозовите насади и да отпочнат со обрежување и кроење на виновата лоза, собирање и горење на отпад и суви прачки, палење на меѓи и стрништа – рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција во СВР Кавадарци.
Тој нагласи дека токму во овој период лани, Тиквешијата беше зафатена од голем број на пожари, па затоа е и овој апел и предупредување на земјоделците.