По Даинис Криштопас, македонскиот и европски ракометен шампион Вардар и официјално остана без уште ден клучен играч. Русинот Павел Атман не е повеќе член на „црвено – црните“ и кариерата ќе ја продолжи во својата татковина.

Во иднина, рускиот репрезентативец ќе  настапува за тимот на Спартак Москва, кој оваа информација ја потврди на социјалните мрежи. Спартак, кој оваа сезона настапуваше и во СЕХА лигата, има цел да ги симне од тронот Чеховски Медведи, а со доведувањето на Атман, доби ракометар на кого може да се потпре во нападот.

Проблемите на Вардар, пред извесен период резултираа и со трансфери на Шишкарв во Веспрем и Гедбан во Адемар Леон, но овие двајца ракометари  клубот ќе го напуштат по завршувањето на сезонава.