Книга: „Милениум во Белград“ – портрет на еден град

32

„Милениум во Белград“ на Владимир Пиштало е мозаично напишан роман во кој истовремено се гради и портрет на еден град и портрет на една генерација луѓе кои живееле во него.

„Белиот град“ е чудесен, иссонуван и проклет, а генерацијата која личи на него е доловена преку групата од петмина пријатели и нивните љубови. Црпејќи од далечните историски извори, проникнат со надреализмот, авторот ги користи сите регистри за на своето дело да му вдахне дух на грандиозна епопеја.

„Чувствителен и жесток, ироничен и точен, халуцинантен и лиричен, ова е магичен портрет на Белград, градот е роден во еден сон“, запис од книжарницата „Le Divan“ во Париз. Le Magazine Literraire ќе напише пак: „…Книга што го одзема здивот со својата убавина и поетски квалитети, чиј главен херој е српската престолнина“.