Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во декември 2019 година се повисоки за 1,5 отсто на месечно ниво и за 10,9 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторниот бензин во декември 2019 година во споредба со ноември истата година е намалена за 1,7 отсто, додека во однос на декември 2018 година има пораст од 17,9 отсто. Кај дизелот цената на месечно ниво пораснала за 1,6 проценти, а на годишно ниво за 10 проценти. Цената, пак, на автоплиновите и на месечно и на годишно ниво бележи пад и тоа за 3,1 односно за 3,3 отсто.
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори