ЈП ПОЦ минатата недела санкционирале 284 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 3 до 9 февруари, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП „ПОЦ“ отстранети се 146 непрописно паркирани возила, од кои едно возило било паркирано на место наменето за лица со посебни потреби. Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 138 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој што биле паркирани – потенцираат од ЈП ПОЦ.