„Медена земја“, за жал не го доби Оскарот за најдобар документарен филм на 92. Свечена церемонија на доделувањето на наградите на Американската филмска академија во Лос Анџелес.
Во категоријата документарен филм победи „Американска фабрика“, а меѓу номинираните беа и „За Сама“, „Пештерата“ и „Работ на демократијата“.
„Медена земја“ влезе во историјата на Оскарите со тоа што стана прв документарец номиниран во две категории, за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.
Во конкуренцијата за странски филм се и „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија, „Паразит“ од Јужна Кореја и „Корпус Кристи“ од Полска.