Холивуд подготвен за најважниот настан во годината во светот на седмата уметност

129

Врачувањето на наградите на Американската филмска академија – најважниот настан во годината во светот на седмата уметност – вечерва во театарот „Долби“ во Лос Анцелес, ама и низ целата планета пред ТВ-екраните ќе ги собере филмските работници и филмофилите.

Оскарот ќе биде доделен во 24 категори, а со бројот на номинации „Нетфликс“ полена ја менува историјата на подвижните слики.
Во два часот по полноќ, на почнува директниот пренос на 92. Додекување на филмските награди „оскар“.

Најважниот од најважните – оскарот за најдобар филм вечерва ќе отиде во рацете на авторите на едно остварувањата „Џокер“, „Приказна за бракот“ „1917“, „Беше еднаш во Холивуд“, „Паразит“, „Ирецот“, “Форд в Ферари“, „Јојо зајак“ и „Мали жени“.

Потврда дека одлично си ја завршиле работата, во однос на номинациите за признание на Американската филмска академија, им пристигна на режисерите Бонг Џун-хоу (Паразит), Сем Мендес (1917), Тод Филипс (Џокер), Мартин Скорцезе (Ирецот) и Квентин Тарантино (Беше еднаш во Холивуд)
Имајќи предвид дека остварувањето „1917“ е овенчано со Златни глобуси во две категории „најдобра драма“ и „најдобар режисер“, лесно ми можело да се случи Мендес а триумфира и вечерва, и тоа во повеќе категории, пишува порталот ртс.рс.

Најдобрите главни машки улоги ги остварија Антонио Бандерас (во филмоѕ Болка и слава), Леонардо Дикаприо (Беше еднаш во Холивуд), Адам Драјвер (Приказна за бракот), Хоакин Феникс (Џокер) и Џонатан Прајс (Двајца папи). За жал, позлатената статуетка би можела да отиде во рацете на само еден актер.
Кога сме кај споредните улоги, уште подеднакви шански за „оскар“ имаат Том Хенкс (Убав ден во соседството), Ентони Хопкис (Двајца папи), Бред Пит (Беше еднаш во Холивуд), Џо Пеши (Ирецот) и Ал Пачино (Ирецот).

Возбудувањето расте и за дамите. Скарлет Јохансон има историска можност да освои по еден оскар за главна (Приказна за бракот) и споредна улога (Јојо зајак). Во категоријата најдобра актерка во главна улога конкуренција ѝ се

Синтија Ериво (Хариет), Сирша Ронан (Мали жени), Шарлис Терон (Тие се бомби) и Рене Зелвегер (Џуди). На престижното признание за споредна женска улога се надеваат Кети Бејтс (Ричард Џуел), Лора Дерн (Приказна за бракот), Флорен Пју ( Мали жени) и Марго Роби (Тие се бомби).

За најдобар странски филм се кандидирани полскиот Корпус кристи, нашиот Медена земја, Клетници од Франција, Болка и слава од Шпанија и Паразит од Јужна Кореја.

Во категоријата за најдобар документарен филм надежите за наградата се еднакво присутни кај „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубо Стефанов заедно со „Американската фабрика“ на Џулиа Раичерт и Стивен Богнар, Пештерата во режија на Ферас Фајарт, На работ на демократијата во режија на Петра Коста и Сама на Вад Ал-Катиб, Едвард Ватс.

Директниот пренос на 92. доделување на филмските награди Оскар почнува во два часот по полноќ, ТВ Телма ја почнува својата програма посветена на Оскарите со вклучување во живо, а, пак, со цел да им излезе во пресрет на филмските фанови и да им овозможи споделување на еуфоријата, Младинскиот културен центар во Скопје организира проекција, односно следење во живо на свеченоста на доделување на оскарите кое почнува во 22 часот.