Рудникот САСА ги зголеми платите за пет отсто

47

Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени за пет проценти. Ваквата одлука почнува да се применува од почетокот на оваа година, односно со исплатата на јануарската плата.

Дополнително, менаџментот на САСА одлучи да го зголеми и надоместокот за работна успешност што им се исплаќа на вработенитепри исполнување на одредени цели. При тоа најголемо зголемување на овие надоместоци добија рударите, техничкиот кадар и персоналот што работи на одржување на опремата во рудничките јами.

Ова е трета година по ред како САСА врши зголемување на месечните примања на своите вработени, во согласност со ветувањето на раководството на компанијата дадено во март 2018.Со најново зголемување, месечните примања на вработените во Рудник САСА ќе бидат над 40% повисоки од износот на просечната нето плата во земјата.