Главната обвинителка на Европската унија Лаура Кодруца Ковеши денеска, како што е најавено, пред Европскиот парламент треба да информира во врска со формирањето на Европското јавно обвинителство. Тоа ќе биде тело на Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент.
Претседавањето ќе се одржи пред членовите на Одборот за граѓанска слобода. Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Ковеши од октомври 2019 е назначена за главен обвинител на Европската унија за измами.
Ковеши го презеде новото Европско обвинителство (EPPO) со мандат од седум години, откако мнозинство од земјите членки на ЕУ ја поддржаа нејзината кандидатура. Вкупно 22 членки на ЕУ се регистрирани во EPPO, телото кое има надлежности да ги истражува сомненијата за измами, поврзани со буџетот на ЕУ. Обвинителството, сместено во Луксембург е составено од група обвинители од сите држави членки, со исклучок на Обединетото кралство, Шведска, Унгарија, Полска, Ирска и Данска.
Ковеши од 2013 до 2018 година беше шефица на романската Национална дирекција за борба со корупцијата, а во јавноста е позната по тоа што отвори истраги против 14 поранешни или актуелни романски министри, 43 пратеници и над 260 локални службеници.
Романската специјалната обвинителка Лаура Кодруца Ковеши беше разрешена откако романскиот претседател Клаус Јоханис потпиша го потпиша указот, по одлуката на Уставниот суд и по барање на Владата. Министерот за правда Тудорел Тоадер од Социјалдемократската партија иницираше процедура за разрешување на Ковеши, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство и дека истрагите и биле политички мотивирани. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.