Ракометниот клуб Вардар ги пушти во официјална продажба влезниците за првиот домашен дуел во Лигата на шампионите. Дуелот со Мотор Запорожје ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ на 15 февруари со почеток од 17:30 часот.
Билетите се пуштени во поединечна продажба онлајн во мрежата на тикетплус, а од десетти февруари ќе бидат достапни и на билетарницата од спортскиот центар во Аеродром. Цените на картите се 350 денари за трибина и 400 денари за блок А.
Овој натпревар е од исклучителна важност за „црвено – црните„ и победа е императив, за да се задржат шансите да се избегне шестото место кое носи дуел најверојатно со ПСЖ.