Дел од Чаир утре без вода

39

Дел од жителите на Општина Чаир утре од 8:30 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач со профил од 400 милиметри на улицата „Прохор Пчински” 16 во населба Чаир. Без вода ќе бидат дел од корисниците од улиците „Прохор Пчински” и „Војдан Чернодрински”.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.