Фановите на светски популарната анимирана серија Симпсонови веруваат дека оваа долговечна серија го предупредила светот за коронавирусот пред повеќе од 27 години.
Како доказ се наведува епизодата на серијата од 1993 година во која станува збор за вирус наречен Осака грип кој се шири низ Спрингфилд, откако жителите нарачале блендери од Јапонија.
Во епизодата еден од работниците кој ги пакувал блендерите во кутии во Јапонија се разболел и случајно го испратил вирусот во САД.
„Ве молам, не кажувајте му на надзорникот дека имам грип“, вели пред да се искашла во кутијата.
Бидејќи блендерите стасуваат во Спринфилд, повеќето жители се разболуваат. Иако вирусот доаѓа од Јапонија наместо од кинескиот град Вухан, фановите на серијата Симпсонови го вжештија Твитер со реакции.
„Симпсонови повторно успеаја“, е само еден од коментарите на серијата која често излегува „пророчка“.