Собраниската Комисија за култура која беше закажана за денеска во 10 часот се одложи поради различни ставови околу кворумот, односно кој може да биде заменик член за да учествува во работата на ова собраниско тело?!
Додека од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека заменскиот член треба да биде од иста партија како членот, а не од заедничка коалиција, претседателката на Комисијата Ирена Стефоска упатуваше на деловникот за работа на собраниските тела.
“Што се однесува до Деловниокот и барањето на опозицијата дека нема кворум, апсолутно не е точно. Тие многу добро ја знаат одлуката за фирмирање работни тела и го знаат Деловникот. Секој член на комисија може да определи кој било од замениците да биде присутен. Тоа беше класична злоупотереба за да не почне седницата“, изјави Стефоска. Според неа опозициските пратеници прават „евтин политички театар“ и намерно ја опструираат работата?!
Меѓу другото дел од пратениците беа и на други собраниски комисии кои денеска имаа седници.
На дневен ред на комисијата требаше да бидат Предлог-заклучоците од надзорната расправа што ја организираше во март минатата година на барање на опозицијата, за културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година.
Покрај седницата за заклучоците од надзорната расправа, Комисијата за култура имаше закажано уште една седница – за Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата, за кој образложение требаше да даде заменик-министерот за култура Владимир Лазовски.