Британската полиција соопшти дека осомничениот во вчерашниот терористички напад во Лондон носел лажен самоубиствен елек.

„Пронајден е уред, врзан за телото на осомничениот, и специјалисти беа изведени на местото на настанот. Беше утврдено дека станува збор за лажен уред“, се вели во соопштението од лондонската полиција на Твитер.

Полицијата додава дека е прогласено дека станува збор за „терористички инцидент“ и се сомневаат дека е поврзан со исламизам.

Полицијата уби вчера маж во јужен Лондон, откако тој со нож прободел најмалку две лица.