Поголемиот дел од англиските и шпанските фудбалски медиуми се убедени дека каталонскиот гигант Барселона ќе биде следната дестинација на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Вилијан.
Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а таборот на лондонските „сини“ нема информација дека клубот сака да ја продолжи соработката за уште неколку сезони. Актуелниот шампион на Шпаннија се обиде на неколку пати да ги осигура услугите на Вилијан, но двата клуба не постигнаа договор околу обештетувањето.