Стандарниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џејдон Санчо, е дефиниран како летен приоритет на раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.
Крилниот напаѓач во минатото го носеше дресот на Манчестер Сити и никогаш не сокри дека сака да се врати во Премиер лигата. Големата желба на „црвените ѓаволи“ може да стане реалност само доколку официјалната понуда за репрезентативецот на Англија не биде помала од 100 мил. фунти.