Годинава: Општина Гевгелија ќе поддржи 36 културни манифестации

137

Општина Гевгелија годинава со четири милиони денари од сопствениот буџет ќе поддржи 36 културни програми, проекти и манифестации за кои аплицираа повеќе културни институции, здруженија на граѓани, невладини организации и поединци.

Финансиски ќе бидат поддржани гевгелиски брендирани културни манифестации како „Смоквијада“, меѓународниот натпревар за млади пијанисти, „Распеана чаршија“ фестивалите СРВ и БОШ, како и хорски и фолклорни активности, детски музички фестивали, театарски претстави и самостојни изложби на ликовни уметници. Со поддршка од општински пари годинава за прв пат во Гевгелија ќе бидат организирани интернационалниот фестивал „Арт Фест“, летниот  фестивал „Ѕуница“ и фестивалот за поетска фузија „Зорници“.

„Селектирани се квалитетни и оригинални проекти и манифестации со разновидни културни содржини кои ќе ги дефинираат целите што ќе придонесат за поголем културен развој и побогат културен живот во општина Гевгелија во 2020 година“, велат од Општината.