Над 300 жртви на коронавирусот, но и прва смрт надвор од Кина

72

Бројката на смртни случаи од коронавирусот во Кина надмина 300 луѓе, а сè повеќе земји пријавуваат и први случаи на заболени од инфекцијата. Кинеските медицински лица соопштија дека точната бројка на починати изнесува 304 лица, а заболени се 14.380 луѓе.

Во меѓувреме, потврден е и прв смртен случај надвор од Кина, а жртвата е 44-годишен маж од Вухан каде се појави вирусот, а починал на Филипините и најверојатно бил инфициран пред пристигнувањето на островот. Русија, Британија и Шведска се меѓу последните земји кои потврдија случаи на заболени од коронавирус.

Светската здравствена организација ги повика владите ширум светот да се подготват за евентуална појава на коронавирус. СЗО во изминатите денови прогласи глобална вонредна состојба поради коронавирусот и изрази загриженост дека некои случаи надвор од Кина може да вклучуваат пренесување на вирусот од човек на човек.