Државниот инспекторат за земјоделство од утре излегува на терен да изврши драстични контроли во врска со проблемите со откупот на тутун, изјави министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на трибината Агенда 20-24 во Струмица.
Тој додаде дека тутунарите нема да бидат оставени на цедило, а ако се утврдат неправилности при откупот ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот.
-Инаку, оваа влада создава одличен амбиент во откупот на тутун, за кој се даваат 30 милиони евра субвенции, и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за 3 класа и за останатите класи, истакна Трајан Димковски.