Скопје добива втор полигон за скејтборд и ролери

280

Скопје добива втор полигон адреналинска патека или памп трак за велосипеди, скејтборди и ролери. Информацијата ја најави градоначалникот Петре Шилегов на фејсбук, но не кажа каде се одвиваат градежните активности.

Првиот Памп трак е изграден пред Олимписки базен во центарот на градот е со површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела, детски полигон и полигон за возрасни.