Крајните корисници незадоволни од квалитетот на поштенските услуги

87

Изгубените поштенски пратки, пречекорувањето на рокот на достава, застарените трендови за испорка, ќе бидат актуелни и годинава, со оглед на тоа што не се спроведуваат неопходните чекори за либерализација на пазарот на поштенски услуги во земјава.

Сојузот на стопански комори на Македонија во континуитет апелира дека монополот во поштенските услуги влијае лошо на квалитетот на услугите кои се испорачуваат, неопходно е пазарот да се отвори за конкуренција, со оглед на тоа што одложувањето на долго очекуваната либерализација на поштенскиот пазар, веќе петта година по ред носи негативни ефекти врз развојот на поштенската индустрија во земјата, но и врз компаниите и граѓаните кои трпат штети поради неквалитетните услуги.

Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија Александар Зарков вели дека во моментот крајните корисници не се задоволни од квалитетот на услугите кој го добиваат, за што зборуваат и големиот број на поплаки кои се евидентираат во извештаите на Агенцијата за пошти.