На 18 јануари: Роденден на уметноста во МКЦ

149

На 18 јануари, со почеток од 18 часот во Младинскиот културен центар, по 8-ми пат ќе се одржи манифестацијата Роденден на уметноста.

„Како и секоја година, така и оваа – МКЦ ја отвора сезоната со славење на Роденденот (на уметноста). Влезот е слободен, а програмата вели дека новата 2020 година ќе биде одлична!“, посочуваат од МКЦ.

На програмата се детската работилница „Играј со светлината“ (18 часот), потоа серија предавања за деца и возрасни во Планетариумот (18, 19:20 и 20:40 часот), промоција на книгата „Македонска сага“ од Сунчица Уневска (19 часот, сала Фросина), изложба на Марина Убавкова (20 часот, Галерија), „Мали хумани иновации“ – изложба на студентите од Машинскиот факултет (20:30 часот, Галерија 2), театарски настап на Импров група „Настап” (21 часот, сала Фросина) и музичката програма во Ап(о)тека со Бојан Чакра (20 часот), и во салата 25 мај од 22 часот со Dogs in Kavala, Porto Morto, Local Blue и во бифето со Ивана Драгшиќ, Виолета Качакова и Теа Шалдева.