Во полициска акција против мафијашката организација „Ндрангета“ беа издадени 334 налози за апсење. Дел од осомничените се приведени во Бугарија, Германија и Швајцарија, јавува германската веб-страница РДН. Во акцијата учествуваа 2.500 полицајци.

Операцијата била концетрирана во областа Вибо Валентија во Калабрија, но и во други региони на Италија. Во акцијата е одземена стока во вредност од 15 милиони евра.

Осомничените се обвинети за изнуда, убиства, перење пари и учество во мафијашка организација.