Ѓаволски дрес за Халанд

95

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, е на добар пат да излезе како победник во трката по потписот на големиот талент од редовите на актуелниот шампион на Австрија, тимот на РБ Салцбург, Ерлинг Халанд.

Челниците на „црвените ѓаволи“ сакаат по секоја цена да ги осигураат услугите на норвешкиот интернационалец за време на зимскиот преоден рок и затоа веднаш седнаа на преговарачката маса. Британските медиуми открија дека Јунајтед ќе потроши околу 76 мил. фунти за обесштетувањето на Халанд.