Откако во јавноста излезе најновата караница помеѓу Амел и Џорџ Клуни околу посвојувањето на дете од Ирак, проблемите во брачната идила од ден во ден се трупаат.

41-годишната адвокатка Амел толку многу ја трогна средбата со децата бегалци без родители во Ирак што тоа придонесе да се одлучи да посвои едно дете. Проблемот е во тоа што нејзиниот 58-годишен маж Џорџ со тоа не се сложува.

Амел и Џорџ Клуни

Сега, како што пренесуваат странските медиуми, во животот на Џорџ и Амел се вмешува друга жена, поради која нивната љубов е доведена во прашање. Иако засега детали се непознати, се предвидува дека нивниот однос станал напнат поради споменатата жена.

И покрај сите гласини, парот не ѝ се обрати на јавноста. Дали ќе коментира нешто во врска со тоа е големо прашање, затоа што Џорџ има кажано дека не сака да зборува за својот брак со Амел бидејќи тој никогаш не се распрашува за животот на другите луѓе.

(M.A)