Кампања против употребата за петарди за новогодишните празници

149

„Среќна и безбедна 2020 година во семејно и пријателско дружење“ е кампањата што ја започнаа Секторот за превенција на СВР Скопје во соработка со Црвениот крст со цел да се подигне свеста за последиците од користењето на пиротехничките средства.

– За таа цел беше спроведена симулациска вежба во дворот на ПСУ „Јахја Кемал“ каде учениците се запознаа со последиците од користењето на петардите и други пиротехнички средства и со укажувањето прва помош при вакви повреди. Една од целите на симулацијата беше да се упати и апел до родителите да работат со своите деца и да им укажат на последиците од користењето на пиротехничките средства – информираа од СВР Скопје.