Богата понуда за Кулушевски

119

Играчот од средниот ред на Парма, Дејан Кулушевски, кој е во сопственост на Аталантаа, може наскоро да замине во Интер, пренесува „Кориере дела Сера“. Според медиумот, Интер се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за 19-годишниот Швеѓанец со македонско потекло.

Миланскиот клуб посакува да го реализира трансферот во јануари, но проблем е тоа што тој е позајмен на Парма до крајот на сезоната. Кулушевски оваа сезона досега има 15 настапи во Серија А, на кои постигна три гола и забележа пет асистенции.